Ние сме гостилница која нуди традиционална храна во модерен и релаксиран амбиент. Тежнееме кон тоа, да можете да влезете и да го нарачате "вообичаеното"..,но и да го вкусите секој новитет кој го имаме, зашто мотивот е никогаш да не згасне креативноста, таа да ни биде водилка во работата кон откривање на нови комбинации кои ќе ги задоволат вашите вкусови. Така, покрај традиционалната кујна, би можеле да понудиме и нешто ново, зачинето со нашиот сенс...
Се наоѓаме во центарот на Аеродром , во близина на Бисер, а сепак затскриени од динамиката и раздвиженоста на трговскиот центар. Ние сме место каде светлата секогаш горат за вас, каде тежнееме да создадеме една пријатна атмосфера. А тежнееме и секој посетител да ни биде пријател.